На маргините на 79-то Генерално собрание на Обединетите нации, остварив средба со мојот швајцарски колега, Игнацио Касис. Во фокусот на разговорите беше унапредувањето на билатералните односи меѓу двете земји, преку интензивирање на високиот политички дијалог и економската соработка меѓу двете земји.
Разменивме мислења за актуелни прашања од доменот на меѓународната и регионална политика, како и соработката во бројните мултилатерални организации, во чии рамки нашата земја негува партнерски односи со Швајцарија.
Имајќи предвид дека Швајцарија е наш најголем билатерален партнер во поддршката на развојот, стабилноста и европската перспектива, на средбата заблагодарив за досегашната поддршка и изразивме заемно задоволство од долгорочната соработка во рамки на швајцарската развојна програма.
View this post on Instagram