Средба со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио
Во рамки на работната посета на Вашингтон, денес остварив билатерална средба со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио.
На средбата ја потврдивме извонредната соработка меѓу двете држави, заснована на заеднички вредности, политички интереси и долгогодишно пријателство. Притоа ја нагласив посветеноста на македонската влада кон унапредување на политичкиот дијалог со САД, како и конкретната заложба за институционализирање на стратешкото партнерство преку спроведување на заеднички Акционен план.
Разговаравме и за можностите за натамошно продлабочување на трговските односи, постигнувајќи значаен исчекор во правец на намалување на тарифите и започнување процес за потпишување Договор за слободна трговија. Во оваа насока ја истакнав отвореноста на македонската влада за унапредување на економската соработка, привлекување американски инвестиции и зголемување на присуството на американски компании во нашата земја.
Разменивме мислења и за безбедносната соработка во рамки на НАТО, каде што продолжуваме да даваме активен придонес како кредибилен сојузник, со инвестиции над 2% од БДП во одбранбениот сектор. Особено внимание посветивме на регионалната стабилност и развојот на Западен Балкан.
Изразив благодарност за постојаната поддршка од страна на САД, со уверување дека стратешкото партнерство ќе продолжи да се развива со уште поголема динамика и конкретни резултати, на билатерално, регионално и глобално ниво.
Фејсбук статус на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.