Saturday, July 12, 2025
24.8 C
Skopje

МУЦУНСКИ НАЈАВУВА КАДРОВСКИ ПРОМЕНИ : ЕДЕН ОД ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА ИСТОРИСКАТА КОМИСИЈА СЕ ОБИДУВА СЕБЕСИ ПОЛИТИЧКИ ДА СЕ ПРОФИЛИРА

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски изрази разочараност од однесувањето на историчарот Драги Георгиев, кој како што рече, деновиве гледа како „еден научник, кој што е ангажиран и доста коректно платен од државата, да врши научна работа, како се обидува себеси политички да се профилира додека е се уште во тековен мандат, како претседател на една од комисиите“. Според Муцунски, политичарите и министрите имаат легитимитет од страна на граѓаните да носат политички одлуки, а научниците имаат обврска да вршат научна работа.

Тој нагласи дека со однесувањето на претседателот на Комисијата со Бугарија, Драги Георгиев, се „поткопуваат надворешно-политичките позиции на државата“. – Прилично сум изненаден што деновиве гледам еден научник, кој што е ангажиран и доста коректно платен од државата, да врши научна работа, како се обидува себеси политички да се профилира и додека е се уште во тековен мандат, како претседател на една од комисиите. Со тоа се поткопуваат на надворешно-политичките позиции на државата.

Ние, политичарите и министрите имаме легитимитет од страна на граѓаните да носиме политички одлуки, а научниците имаат обврска да вршат научна работа и искрено сум разочаран од таквиот пристап што го гледам деновиве, изјави Муцунски. Мафот на македонската дипломатија посочува дека интересот на државата треба да биде пред се и над се, а доколку имаат забелешка, на двајцата претседатели на Комисиите кои што се уште се активни „мојата врата е отворена и била отворена“.

ОВАА НЕДЕЛА

ВМРО-ДПМНЕ: СО ИНВЕСТИЦИЈА ОД 6 МИЛИОНИ ЕВРА , ПОПНА ИЗГРАДБАТА НА ФАБРИКАТА ,,ЧАГАТАЈ КАБЛО”

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со привлекување на нови...

ТАТКО ОД ДЕБАР ЈА ПРИСИЛИЛ СВОЈАТА МАЛОЛЕТНА ЌЕРКА ДА ПИТА ПО УЛИЦИ, МВР ГО УАПСИ

Триесетгодишниот маж се сомничи дека го сторил казненото дело...

АМЕРИКА НА КРСТОПАТ: КРАЈ НА ФЛЕРТОТ МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН?

Доналд Трамп имаше два бурни „разводи“ во изминатиот месец....

ВИСАР ГАНИУ ГО ОСУДИ НАПАДОТ ВРЗ АРСОВСКА „НИКОЈ ОД ОПШТИНА ЧАИР НЕ Е ИНВОЛВИРАН“

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу го осуди нападот...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ