„На само четири месеци до крајот на нивниот мандат и заминувањето во опозиција, се потсетуваме на проектите кои ги ветуваа пред аеродромци во 2020 година. Мандат исполнет со лажни ветувања, недомаќинско и расипничко работење од кое последиците ги трпи државата и сите ние – граѓаните“, напиша градоначалникот Муцунски во својата објава потенцирајќи дека има многу лицемерие во работењето на владата.

Тој додаде дека ниту еден од ветените проекти кој се однесува на Аеродром, досега не е реализиран.„Напротив, изминатите две години секојдневно, со сите сили и расположливи механизми, без никаква грижа на совест, ги кочат и опструираат капиталните и инфраструктурни инвестиции“, заклучи Муцунски.