На средбата разговаравме за заедничките предизвици, процесот на европска интеграција и можностите за продлабочување на соработката во различни области, со посебен фокус на економијата и културата. Дополнително, дискутиравме за поврзувањето на нашите земји во сферата на енергетиката и инфраструктурата.
Ги потврдивме одличните односи меѓу двете земји и изразивме подготвеност за нивно понатамошно продлабочување. Оваа посета е уште една потврда за одличните билатерални и пријателски односи и претставува цврста основа за понатамошно зајакнување на меѓусебните врски.