Македонија е дел од иницијативата за формирање суд за воени злосторства за Украина веќе подолго време, вели министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцункси.
За време на работната посета на Шведска изјави дека носењето одлуки е координирано со сите стратешки партнери.
-Принципиелно ја поддржуваме таа иницијатива, принципиелно ги поддржувамњ сите иницијативи коишто се насочени кон афирмација на меѓународдното јавно право и сите овие чекори ги преземаме во кординација со сите наши стратешки партнери – изјави Муцунски.