МУЦУНСКИ : МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА БИДЕ ЗЕМЈА КОЈА ШТО СЕ СТРЕМИ ДА ИМА ДОБРИ ОДНОСИ СО СИТЕ СОСЕДИ

0
133

„Во Македонија се уште не е формирана новата влада, а второ Грција како и цела Европа е во изборен процес. Што значи дека секоја изјава која што во моментот би ја дале би служела многу повеќе во кампањата во Грција, отколку за постигнување за било каков напредок по однос на очигледните различни толкувања на одредени правила и обврски коишто двете страни ги имаат коишто потекнуваат од Договорот од Преспа“ изјави денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски.

„Треба да се формира новата влада, треба да завршат изборите во Европа, а со тоа изборите во Грција па потоа да седнеме не пред јавност туку на соодветно билатерално ниво да почнеме отворено да дискутираме за тоа кои се правата на двете страни, но и кои се обврските што ги имаат две страни. И верувам дека со добра верба, со разбирање, со отворен дијалог сите предизвици можат да се решат.

Не само за Грција, туку Македонија треба да биде земја која што се стреми да има добри односи со сите соседи, но исто така и земја која што мора пред се да ги заштитува своите национални интереси“ – рече Муцунски.Според него, самиот договор предвидува механизми преку кои сите предизвици, сите различни толкувања веројатно можат да се надминат.

„Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ има за цел прво да го следи стратешкиот курс на државата. Ние сме земја членка на НАТО. Имаме стратешки приоритет да го продолжиме процесот на европска интеграција на земјата. Истовремено сакаме да имаме добри односи со сите наши соседи. И очекуваме дека тоа е и желбата на нашите соседи. Тоа се односи коишто треба да ги градиме и да ги надградуваме врз основа на взаемна доверба и добра верба“ – рече Муцунски.Рече имаме целосна свест за кои се нашите обврски, но и права како држава.

„И во таа насока имаме за цел да ги почитуваме обврските од договорите, но исто така имаме за цел да ги заштитиме и правата коишто ние ги имаме од таквите договори. Не сметам дека преку јавен дискурс преку ваква форма на јавна дебата каде што има присутни медиуми каде што се присутни граѓани од различни сфери на интерес дека ние можеме да ги решеиме предизвиците.

За да ги решиме предизвиците, и недоразбирањата некогаш по содржината на ваквите договори, ние прво треба да седнеме меѓусебно по формирањето на владата во Македонија, по завршувањето на европските избори, па и на изборите во дел од земјите членки коишто се наши соседи и да дискутираме за тоа што не обединува.

Има многу работи по коишто можеме да се обединиме, многу лесно доколку одлучиме и можеби да се делиме по многу прашања. Јас сакам да верувам во иднината и во напредокот“ – додаде Муцунски.