Тој потенцираше дека советниците од политичката партија „Левица” во изминатиот период примиле хонорар од повеќе од 30 илјади евра, а не понудиле ниту едно решение во интерес на граѓаните на Аеродром при што ја повика оваа политичка партија преку градот Скопје, каде тие се во политичка коалиција да почне да нуди решенија за загадувањето во градот Скопје.
Муцунски во видеото додаде дека институциите од централната власт имаат одговорност за надзор на потенцијалните загадувачи при што го повика Министерството за животна средина, да изрече казни доколку се утврди дека некоја компанија ја загадува животната средина.„Време е да престанеме да бидеме политичари само преку социјалните медиуми, каде тие критикуваат и не работат во интерес за граѓаните. Ние понатаму ќе продолжиме да работиме за граѓаните, да нудиме решенија и да реализираме капитални проекти. Ги повикувам и останатите политички субјекти да научат оваа лекција за добро политички работење од нас”, заклучи Муцунски.