Економската и трговската соработка во фокус на средбата со државниот секретар Хакан Јеврел
Во рамки на посетата на Шведска, остварив средба со државниот секретар за меѓународна развојна соработка и надворешна трговија, Хакан Јеврел.
Разговаравме за унапредување на економската и трговската соработка меѓу двете земји, потенцијалот за нови шведски инвестиции и поволностите што ги нуди нашата држава за инвестирање.
Ја потврдивме подготвеноста за заеднички напори во насока на привлекување инвестиции и натамошно продлабочување на економските односи.
Фејсбук статус на министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски.