Како дел од делегацијата предводена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, два дена сме на Конгресот на Европската народна партија во Валенсија. Европската народна партија во моментот е најмоќнато и највлијателното политичко семејство во Европа, соопшти Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
„Претседателот Мицкоски ќе има свое обраќање пред пленарната сесија, но предвидовме и многу средби.
Ќе се сретнеме со новиот канцелар на Австрија, господинот Стокер, со лидерот на албанската опозиција Периша, со лидерот на СНС Вучевиќ, со претседателот на Комисијата за надворешна политика во Европскиот парламент Мекалис.
Работиме на афирмација на нашите национални позиции поврзани примарно со европската интеграција. Потребата од забрзана интеграција на Западниот Балкан во ЕУ е императив како за регионот така и за ЕУ“, потенцира во соопшштението Муцунски.