Tuesday, June 17, 2025
26.8 C
Skopje

МУЦУНСКИ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ГЕРМАНСКАТА ПОКРАИНА СЕВЕРНА РАЈНА – ВЕСТФАЛИЈА

Работна посета на германската покраина Северна Рајна – Вестфалија

Денес и утре престојувам во работна посета на германската покраина Северна Рајна – Вестфалија. Во рамки на првиот ден од посетата, во градот Солинген остварив средба со бројната и активна македонска дијаспора.

Со нашите сограѓани кои живеат и работат во овој дел од Германија ги споделив информациите за подготовката на новата Национална стратегија за дијаспората, која е во завршна фаза, како и за посветеноста на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и на Владата за јакнење на улогата на дијаспората како значаен партнер во развојот на државата, културен промотор и мост на соработка со земјите каде што живеат нашите граѓани.

Тие се нашите најсилни партнери и вистински амбасадори на македонскиот јазик, култура и вредности. Уверен сум дека преку координирани активности и засилена институционална поддршка ќе ја поттикнеме нивната поголема вклученост, особено во насока на националната дипломатска и културна промоција.
Фејсбук статус на министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски.

ОВАА НЕДЕЛА

ВМРО-ДПМНЕ ВО ВЕНКО: КОГА ЗБОРУВА ФИЛИПЧЕ, ЈАВНОСТА НЕ СЛУША ПЛАН, ТУКУ ЕХО ОД ДУБАИ

СООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА СТАВОВИ НА ФИЛИПЧЕ Кога зборува Филипче, јавноста...

ВЛАДА: УСВОЕНА Е НОВАТА СТРАТЕГИЈА ЗА КОНФИСКАЦИЈА НА НЕЗАКОНСКИ СТЕКНАТ ИМОТ

Почитувани, Денес се одржа 84-та владина седница. Со цел обезбедување услови...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ