Saturday, May 24, 2025
12.8 C
Skopje

МУЦУНСКИ: БУГАРИЈА СЕ УШТЕ НЕ ОДГОВОРИЛА НА БАРАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА ЗА СРЕДБА

угарија се уште не одговорила на барањето на Македонија за директен дијалог за проблемите кои постојат меѓу двете држави, соопшти министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, одговарајќи на прашањето дали откако Бугарија доби политичка влада е договорена средба меѓу двете страни за надминување на проблемите.

-Веќе подолг период работиме, за жал, без позитивен фидбек од страна на Бугарија, за организирање на заедничка средба помеѓу мене, нашиот министер за транспорт, Николовски и министерката за финансии, Димитриеска Кочоска, заедно со нашите тројца колеги од бугарска страна, со цел, разјаснување на состојбата и иднината на Коридорот 8, бидејќи тоа е за нас стратешки проект кој сакаме да се движи напред. За жал подолг период немаме позитивен одговор – рече Муцунски.

Тој изјавата ја даде по средбата со својот црногорски колега, Ервин Ибрахимовиќ, кој беше во посета на Скопје, велејќи дека дијалог и комуникација меѓу двете земји постои и дека Македонија нема да се откаже од тоа, бидејќи во спротивно би станала соученик во процесот на кочење на евроинтеграцијата на земјата.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

В СРЕДА ЌЕ СЕ ГЛАСА ЗА ПРЕДЛОГОТ СЛАВЕСКИ ДА БИДЕ НОВ ГУВЕРНЕР

Собранието за среда, 28 мај, ја закажа седницата на...

ТАРАВАРИ: ВРАТАТА ЗА ТИЕ ШТО ЗАМИНАА ЗАСЕКОГАШ Е ЗАТВОРЕНА, ТИЕ СЕКОГАШ БЕА САТЕЛИТИ

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, изјави дека...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ