МУХАМЕД ЗЕКИРИ ЈА ДОБИ ТУЖБАТА ПРОТИВ ЗОРАН БУРЕВЕСНИК, ПЛАНИРА ДА НАПЛАТИ 100.000 ДЕНАРИ ОД ТУЖБАТА И ДА ГИ ДОНИРА : АПЕЛИРАМ СИТЕ ДА ТУЖАТ ВАКВИ ЛАЖГОВЦИ И ФЕЈК ЊУЗ НОВИНАРИ

0
589

Генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири, ќе донира 100.000 денари од обештетувањето кое евентуално ќе го добие од новинарот Зоран Божиновски за лажна вест.

Основниот граѓански суд Скопје ја усвоил тужбата поднесена од поранешниот пратеник кој планира, како што вели тој, парите да ги донира во борбата против лажни вести. Станува збор за пост на Божиновски на Фесбук изминатата есен дека Зекири со неговата сопруга „переле“ 1,2 милиони евра од исламска земја.

Според судот, Бижиновски на својот личен профил на Фејсбук ширел „невистинити факти, вршејќи повреда на неговите лични права, достоинство, чест и углед“.

– Паричниот надомест кој треба да го плати осудениот Божиновски ќе го донирам за борба против лажните вести. Ги охрабрувам сите кои на сличен начин како и јас биле или се мета на клевети и лажни вести да тужат. Затоа што тоа е единствениот начин вистината да победи, изјави Зекири.