Мухамед Зекири: Вие ДУИ и ВМРО ДПМНЕ ќе бидете одговорни, вие и никој друг!

0
534

Ова што се случува во Бутел наликува на она што се случи во Куманово пред речиси една година. Обични луѓе, граѓани утепани од сиромаштија и нивните егзистенцијални проблеми, изманипулирани од алчни политичари, се жртвуваат за една каша бетон и железо. Луѓе кои немаат ништо, ризикуваат во име на тие што имаат се. Луѓе кои никогаш немале и ќе немаат ништо повеќе од сопствената кожа, се жртвуваат и тоа само за да една ненаситна група луѓе го зачува тоа што им го украле на тие на кој им останала само кожата. Каква трагедија!

До каде ли може да оди човечкото безобразие и наивноста на народот?! Како е можно да не гледате вие кои немате ништо дека тие што го организираат овој марифетлук седнати во своите луксузни фотељи во нивните палати, се смеат на вашата наивност?

ВОЈНАТА Е МЕЃУСЕБНО УБИВАЊЕ НА ЛУЃЕ КОИ НЕ СЕ ПОЗНАВААТ, ПО НАРЕДБА НА ОНИЕ КОИ МНОГУ ДОБРО СЕ ПОЗНАВААТ МЕЃУСЕБЕ!

Никогаш во историјата оваа изрека не се потврдила како сега во Бутел! За секоја скршена глава, рака или нога, или не дај Боже да има некоја жртва, ВИЕ ДУИ И ВМРО ДПМНЕ ЌЕ БИДЕТЕ ОДГОВОРНИ ЗАТОА ШТО ВИЕ СТЕ И ПОТТИКНУВАЧИ И ПОЛИЦАЈЦИ, ВИЕ И НИКОЈ ДРУГ!!!

Мухамед Зекири – Фејсбук статус