Thursday, April 17, 2025
17.8 C
Skopje

МУРТЕЗАНИ ДОМАЌИН НА УНГАРСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕУ ПРАШАЊА, ЈАНОШ БОКА

Муртезани домаќин на унгарскиот министер за ЕУ прашања, Јанош Бока

Министерот за европски прашања на Република Северна Македонија, Орхан Муртезани, денеска беше домаќин на својот унгарски колега, министерот за ЕУ прашања на Унгарија, Јанош Бока, кој престојува во работна посета на земјава.

Во рамките на посетата, Министрите одржаа тет-а-тет средба, по што следеше и пленарна сесија на делегациите, на која се разговараше за клучните прашања поврзани со европската интеграција на Северна Македонија и интензивирање на билатералната соработка во контекст на ЕУ.

Министрите ја реафирмираа заедничката определба за продлабочување на односите меѓу двете земји, особено во доменот на поддршка во пристапниот процес кон Европската Унија. Унгарија, како докажан поддржувач на европските аспирации на Северна Македонија, уште еднаш ја потврди својата подготвеност да го сподели своето искуство и експертиза во евроинтегративниот процес.

Муртезани и Бока потпишаа Меморандум за соработка меѓу Министерствата за европски прашања на Северна Македонија и Унгарија, кој поставува основа за долгорочна институционална соработка, размена на искуства, административна поддршка и координација во насока на усогласување со европското законодавство и ефективно користење на европските фондови.

На заедничката прес-конференција, министерот Муртезани исткна: „ Оваа возвратна посета не е само уште еден настан во динамичниот календар на нашите билатерални односи, таа носи во себе силна порака. Порака дека партнерствата се градат преку доследност, доверба и заедничка визија. Северна Македонија и Унгарија се поврзани со длабоки пријателски врски, а билатералната соработка добива уште позасилена динамика. Унгарија одамна ја има нашата благодарност за гласната поддршка за нашиот евроинтегративен пат.

Во контекст на Меморандумот за соработка, Муртезани подвлече: „На нашата веќе блиска соработка ѝ даваме институционална димензија и стабилна рамка. Овој документ не претставува само формализирана административна алатка, туку е израз на нашата заемна посветеност за продлабочување на партнерството преку размена на знаење, искуства и заеднички напори кон исполнување на европските стандарди.“

ОВАА НЕДЕЛА

СДСМ: НЕМА ПЛАТА ЗА ВЕЛИГДЕН ЗА КУЛТУРНИТЕ РАБОТНИЦИ

Денес е 17 април. Два дена после законскиот краен...

КОС: БУГАРИЈАА ГО ПОЗНАВААТ РЕГИОНОТ И ДОБРО Е ДА ГО ПОДДРЖИ ПРОЦЕСОТ НА НЕГОВАТА ИНТЕГРАЦИЈА

Знаеме дека Бугарија и Северна Македонија ќе постигнат договор...

„ЛЕВИЦА“ ВТОР ДЕН БАРА ОСТАВКА ОД ТАРАВАРИ ЗА СКАНДАЛОТ НА КАРДИОХИРУРГИЈА

Политичката партија „Левица“ втор ден бара оставка од министерот...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ