Thursday, February 13, 2025
4.8 C
Skopje

МУРТЕЗАНИ ВО КИЕВ : СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПОДДРЖУВА РЕШЕНИЈА ЗА МИР И СТАБИЛНОСТ ПРЕКУ ЗАЕДНИЧКИ НАПОРИ СО СТРАТЕШКИТЕ ПАРТНЕРИ

Во рамки на работната посета на Украина, министерот Орхан Муртезани оствари неколку средби на кои ја потврди поддршката на Северна Македонија за евроинтегративниот процес на Украина. Министерот Муртезани ја истакна и целосната усогласеност на Република Северна Македонија со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, која претставува основа за нашата стратешка ориентација во однос на глобалните безбедносни предизвици.

Муртезани исто така појасни дека со цел да ја зајакне својата улога како одговорен и конструктивен партнер на меѓународната сцена, Северна Македонија, во контекст на својата посветеност на процесот на европска интеграција, ќе продолжи активно да ги поддржува напорите на Европската Унија и НАТО членките за мирно решавање на конфликтот во Украина, промовирање на стабилност и активно учествувајќи во глобалните иницијативи за унапредување на безбедноста во регионот.

Во контекст на актуелниот геополитички развој и новите предизвици што произлегуваат од руската воена инвазија во Украина, Министерот Муртезани на средбата укажа дека Северна Македонија како членка на НАТО, ќе ја усогласува својата позиција со стратегиите и одлуките што ќе бидат донесени од Алијансата: Ние ја осудуваме руската агресија и ја даваме целосната поддршка на украинските челници во нивните напори за постигнување мир и стабилност во регионот заедно со нашите заеднички стратешки партнери.

Во тесна соработка со нашите сојузници од НАТО, ќе продолжиме да се залагаме за изнаоѓање на трајно решение што ќе донесе крај на војната и ќе обезбеди долгорочен мир. Република Северна Македонија останува посветена на процесите што ќе водат кон стабилност, поддржувајќи го украинскиот народ во нивната борба за слобода и сигурност“ – порача МЕП Муртезани.

ОВАА НЕДЕЛА

СОПРУГАТА НА ИГОР ЈУГ: ЕДНА РЕЧЕНИЦА ДА МЕ ПОСЛУШАШЕ, СЕГА УШТЕ ЌЕ БЕШЕ МЕЃУ НАС

Сопругата на Игор Југ, еден од осудениците за настаните...

СТОЈЧЕВСКИ: ВОЗЕЛ ПИЈАН, БЕЗ ВОЗАЧКА, НАПРАВИЛ СООБРАЌАЈКА – БАРАМЕ ОСТАВКА ОД ПРАТЕНИКОТ СЕРГЕЈ ПОПОВ

Прес конференција на Социјалдемократската младина на Македонија, Трајче Стојчевски...

КУЗМАНОВСКА: СКАНДАЛОТ СЕ ШИРИ, СЕРГЕЈ ПОПОВ НАМЕСТО ЗАТВОР ДОБИЛ КАЗНА ОД 500 ЕВРА

Изјава за медиуми, Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ Почитувани, Скандалот со...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ