Реформи, а не билатерализација на процесот на пристапување кон Унијата е аргументот со кој Владата наредната година ќе се обиде да ги убеди бриселските авторитети да ги отворат преговорите за Македонија.
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, во интервју за МИА, вели дека шансата за интеграција ја гледа и преку билатерални разговори со официјална Софија, но откако таму ќе се добие стабилна политичка Влада.
-Ние на неколку наврати заедно со премиерот сме се обиделе да објасниме дека преземените обврски во однос на спроведувањето на уставните измени стојат како такви, постои политичка волја и спремност тие да се носат, меѓутоа притоа мора ние да го заштитиме процесот од понатамошна билатерализација, особено од една дополнителна причина бидејќи дизајнирањето на процесот на пристапување е при спроведување на одредени реформи и одредени европски стандарди.
За ова има разбирање во Брисел, има поддршка не само во нашиот случај и пошироко да се реши. Останува на нас преку билатерални иницијативи да се надеваме дека овие обиди во соседна Бугарија ќе завршат со солидна стабилна политичка влада со која ќе седнеме да разговараме бидејќи билатералните договори создаваат обврски за двете страни, а со Договор за добрососедство и пријателство Бугарија е обврзна да не поддржува, а не да не блокира – рече Муртезани.