Monday, November 4, 2024
10.8 C
Skopje

МТСП: Пријавете семејно насилство, институциите постапуваат, а сервисите за заштита и поддршка се функционални

– Министерството за труд и социјална политика (МТСП) денеска соопшти дека го зголемила достапноста на сервисите за жртвите од насилство низ земјата.

-Во состојби на стрес и домашна изолација насилството може дополнително да ескалира, се наведува во соопштението од МТСП и се додава дека никој не треба да се чувствува дека е оставен сам на себе.

Потенцијалните жртви, како што се наведува, можат да се обратат за помош во центрите за социјална работа и воспоставените сервис: http://mtsp.gov.mk/ns_article-prijavi-semejno-nasisltvo.nspx и на бесплатните телефонски СОС линии 070/075/077 141 700.

-МТСП и останатите институции координирано постапуваат и преземаат конкретни мерки за заштита на жртвите согласно законските надлежности за итно и должно постапување и за време на полициски час. Стручните лица од центрите за социјална работа имаат дозвола за непречено движење и за време на полициски час, со цел жртвите да ја добијат потребната заштита и поддршка. Сите кои сакаат да пријават насилство тоа треба да го сторат и за тоа не им е потребна посебна дозвола. Тие непречено можат да се движат до најблиската полициска станица, се потенцира во соопштението.

Од МТСП ги охрабруваме сите жени кои се соочуваат со каква било форма на семејно насилство или насилство од својот партнер да пријават на 192, СОС линиите, во центрите за социјална работа или најблиската полициска станица.

-Институциите даваат највисок приоритет на пријавите на семејно насилство и ги превземаат сите мерки за заштита на жртвите, се посочува во соопштението од МТСП.

ОВАА НЕДЕЛА

НУЛА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА НАПАДИ ВРЗ НОВИНАРИТЕ : НАСИЛНИЦИТЕ МОРА ДА ОДГОВАРААТ

Меѓународниот ден за прекинување на неказнивоста на злосторствата врз...

ПЕНЗИОНИРАНИ ПОЛИЦАЈЦИ СПОДЕЛУВАЛЕ СЛУЖБЕНИ ТАЈНИ СО КРИМИНАЛНАТА ГРУПА ,,ДУЌАНЏИК”

Приведени се двајца пензионирани полицајци и уште едно лице...

ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА СИЉАНОВСКА ДАВКОВА ГИ ДОДЕЛИ СТИПЕНДИИТЕ „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“ ЗА АКАДЕМСКАТА 2024/2025 ГОДИНА

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги додели стипендиите „Борис...

ВМРО-ДПМНЕ : ФИЛИПЧЕ ДОДЕКА ЗЕМА НАРОДНИ ПАРИ ИМА ОБВРСКА ДА ДАВА ОТЧЕТ КАДЕ ГИ ТРОШИ ИСТИТЕ

Довчерашниот државен функционер и денес претседател на СДС, Венко...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ