МТСП : ВО ТЕК Е ЕТАПНАТА ИСПЛАТА НА МАРТОВСКИТЕ ПЕНЗИИ, ПОВИСОКИ ЗА 8.4%

0
452

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец март, зголемени за 8.4% согласно усогласувањето предвидено со новата методологија за раст на пензиите, која следи два индикатори односно 50% од порастот на просечната плата и 50% од порастот на трошоците за живот. Ова усогласување  се врши два пати во годината март и септември и  претставува постојан раст на пензиите.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

  • За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 28.03.2023 година (вторник);
  • За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 29.03.2023 година (среда);
  • За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 30.03.2023 година (четврток) и
  • За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 31.03.2023 година (петок).