Групацијата Телеком Србија го заврши преземањето на НЕТ ТВ Плус од компанијата United Group, која емитува програма за дијаспората, како и на сателитската телевизија Тотал ТВ во Србија и Северна Македонија.
Корисниците во дијаспората преку услугата на НЕТ ТВ отсега ќе имаат повеќе од 150 нови канали (вкупно 362 телевизиски канали) со најатрактивни спортски, филмски, сериски, информативни и забавни содржини од портфолиото на Телеком Србија.
Гледачите на НЕТ ТВниз Европа и светот, во новата понуда, ќе можат да уживаат во богати спортски содржини во рамките на Arena Sport каналите. На корисниците ќе им бидат достапни и каналите со најнови домашни серии и филмови, како што е каналот Superstar TV, каналите на RTS, како и најпопуларните регионални и локални канали од Србија и регионот.
Покрај поголемиот број канали, корисниците на НЕТ ТВ ќе бидат воодушевени и од значително збогатената понуда на домашни серии и филмови во видео клубот, односно услугата VoD.
Дополнителна поволност за корисниците на НЕТ ТВ во Германија, Швајцарија и Австрија е и можноста да станат корисници на мобилните услуги на MTEL, под исклучително поволни услови, кои услуги се скроени согласно потребите на нашите луѓе кои живеат во дијаспората.
Постоечките корисници на услугата НЕТ ТВ не треба да ја менуваат опремата и начинот на плаќање останува ист како досега.