Мрежата ,,МАРГИНИ” со поддршка до новиот предлог закон за основно образование на Министерство за Образование и Наука

0
342

Мрежата за заштита од дискриминација ја поздравува заложбата на Министерството за образование и наука за надминување на сегрегацијата на учениците со попреченост преку нивно вклучување во редовното образование.

Потсетуваме дека посебните училишта претставуваат сегрегација, како форма на дискриминација која е забранета и со Законот за спречување и заштита од дискриминација. Сепак, би сакале да укажеме дека Предлог-законот за основно образование има сериозни недостатоци од аспект на гаранциите за вклучување на учениците со попреченост во редовниот образовен процес и начинот на кој тоа ќе се спроведе.

Најнапред, законот е донесен на нетранспарентен и неинклузивен начин. Министерството ги игнорираше барањата и сугестиите на граѓанските организации во однос на заштита од насилство, дискриминација и инклузија на децата со попреченост. Предлог-законот не содржи јасна одредба со која се предвидува дека децата со попреченост ќе се запишуваат во редовните училишта, па оттука, се остава простор оваа заложба да не се спроведе или пак, да се спроведува делумно. Неопходна е јасна и недвосмислена законска гаранција која ќе овозможи правна сигурност и конкретна заложба за надминување на сегрегацијата на учениците со попреченост.

Овој Предлог-закон ги исклучува децата со оштетен вид од редовните училишта за кои единствено е потребна асистивна технологија и прилагодување на училишните објекти и не постои оправдување да не се вклучат во редовното образование. Фокусот на посебнитепаралелки или т.н. центри за поддршка на учењето, во Предлог-законот е спротивен на заложбата за вклучување на децата со попреченост во редовните училишта со што се заменува една форма на сегрегација со друга.

Дополнително, Предлог-законот предвидува законска можностчасотдатраепократкозадецатасопопреченост, доколкутоа е предвиденосоиндивидуалниотобразовенплан. Во одредени ситуации, може да биде оправдано пократкото траење на часот, но ова прашање не треба да се уреди со закон и да се третира како правило, наместо исклучок. Потребата за инклузија на децата со попреченост во редовното образование не се темели исклучиво на отстранувањето на физичката сегрегација, туку клучен дел од проблемот е што овие деца наместо да добиваат повеќе внимание и поддршка, образованието ги третиракако помалку способни, не оставајќи им можност да го дадат најдоброто од себе и да станат конкурентни на пазарот на трудот.Апелираме до Собранието да спроведе транспарентен и инклузивен процес на носење на Законотпреку организирање јавна расправа, да ги земе предвид забелешките на сите заинтересирани страни и да го унапреди ова законско решение преку амандмани.

По донесување на Законот за основно образование, бараме Министерството за образование и наука да го испланира соодветно процесот на инклузија со вклучување на сите засегнати страни, да обрне должно внимание на обезбедувањето на технички и човечки капацитети за да се овозможат услови за успешна инклузија преку инвестирање во образованието. Воедно апелираме до сите заинтересирани страни наместо да се противат на инклузијата, да ги искористат своите капацитети за унапредување на процесот.