МОЌНА ПОРАКА НА ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ КОЈ КАКО ВИСТИНСКИ ЛИДЕР НАЈДЕ РЕШЕНИЕ НАМЕСТО ДА СЕ ПРАВДА И ДА ПЛАЧЕ: Денес Мицкоски и Апасиев можат само да жалат, блокадата не им успеа, мнозинството и во најтешки услови докажа дека е стабилно и силно и дека функционира. Народот победи, помошта ќе биде испорачана!

0
390
Честитки до граѓаните, Собранието денеска ги усвои законите со кои ќе се реализира петтиот пакет економски мерки за конечно да го засилиме заздравувањето на економијата!

Мерките се за исплата на плати за работниците за месеците февруари и март, за финансиска помош за самостојните вршители на дејност, како и за ослободувања од плаќање аконтации на данокот на личен доход за месеците март, април и мај 2021 година.

Упатувам честитки до пратениците од парламентарното мнозинство кои се справија со сите блокади и најдоа начин овие важни закони за граѓаните конечно да бидат усвоени.

Честитам и на Собранието, Претседателот Џафери и собраниските служби кои обезбедија соодветни услови за работа и кои спроведоа гласање според сите протоколи со целосна заштита на здравјето на сите пратеници и целосна изолација на двајцата позитивни.

Огромни честитки и до заболените пратеници кои и во вакви околности се вложија целосно, покажаа одговорност, беа на висина на задачата и гласаа за носење на законите и во интерес на итната потреба на граѓаните!

Со згрозување ја примив информацијата дека за Христијан Мицкоски овој чин бил тероризам. Мицкоски се дрзна гласањето помош за граѓаните да го нарече тероризам, а за крволочниот напад на Собранието на 27 април во кој и тој беше дел, сѐ уште не нашол начин и волја да го осуди.

Очигледно е дека ваквото неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, ваквото безобразно блокирање на народната волја во Собранието е директно мотивирано и предизвикано од Мицкоски.

Мицкоски и неговиот соработник Апасиев правеа сѐ да си ја задоволат пустата желба да предизвикаат проблем во владејачкото мнозинство, при тоа решени да одат до крај дури по цена на загрозување на личната економска егзистенција на илјадници граѓани кои ја чекаат помошта.

Доказ за нивната фрустрација е последниот очаен потег со кој Мицкоски бара од Претседателот на државата да не ги потпишел усвоените закони со што уште еднаш непромислено потврдува дека работи против народот и дека презема чекори народот да не добие помош. Но, попусто им е.

Денес Мицкоски и Апасиев можат само да жалат, блокадата не им успеа, мнозинството и во најтешки услови докажа дека е стабилно и силно и дека функционира. Народот победи, помошта ќе биде испорачана!
Фејсбук статус на премиерот Зоран Заев.