⚖️ Пратеничката на Левица, Јована Мојсоска, на вчерашната дебата на ТВ 24 изјави дека Законот за двојазичност е донесен со кршење на Уставот и Деловникот, а роковите за негово објавување се пробиени. Таа се повика на мислењето на Венецијанската комисија, која го оцени законот како неприменлив и надвор од европските стандарди.
Мојсоска ги осуди двојните стандарди во однос на компромисите за европските интеграции, нагласувајќи дека почитувањето на етничкиот идентитет не смее да биде селективно.
️„Ако етничките прашања за некои се поважни од европските вредности, тогаш дозволете и мене како Македонец мојот идентитет да ми биде приоритет,“ порача таа.
View this post on Instagram