МОЈСОВСКИ : ТЕТОВО ДА ПРОДОЛЖИ ДА СЕ РАЗВИВА И МОДЕРНИЗИРА, ДА ГЛАСАМЕ ЗА БРОЈ 1 И ДА ГЛАСАМЕ ЗА ЕВРОПСКО ТЕТОВО!

0
634

Изјава за медиуми, Наумче Мојсовски, претседател на Комисија за спорт на СДСМ

СДСМ во изминативе четири години овде во Тетово преку Владата и институциите што ги предводи инвестиравме во бројни капитални проекти во разни сектори.

Исклучок од тоа не е ниту спортот.

Овде во Тетово изграден е првиот од вкупно 14те пливачки базени низ државата, кој веќе од следниот месец ќе почне со работа.

Базенот е наменет за учениците од тетовските училишта, но ќе може да се користи и во комерцијални цели.

Преку ваучер системот само за машките и женските фудбалски клубови овде во Тетово, издвоени се над 23 милиони денари.

И нема да застанеме тука, следува изградба на нов мини спортски комплекс помеѓу новоизградениот базен и постојното фудбалско игралиште.

Во кругот на спортскиот центар, ќе се изгради и терен за мал фудбал, терен за тенис како и урбана опрема и простор за забава за најмладите, детска патека за ролери и велосипеди.

Важно е Тетово да продолжи да се развива и модернизира, а гаранција за тоа е СДСМ. Затоа, ве повикувам на 20 август да гласате за советничката листа на СДСМ и коалицијата.

Да гласаме за број 1 да гласаме за европско Тетово.