Thursday, February 13, 2025
5.8 C
Skopje

Мојот глас го давам да го монтира ДПМНЕ

„Снимките биле креирани, монтирани, лепени“, ова е едно од главните одговори на власта/ДПМН,  за снимките од прислушуваните разговори кои дошле во рацете на Зоран Заев, лидерот на СДСМ и опозицијата а кој тој ги објавува за да ги запознае граѓаните како оваа власт ги манипулира веќе девет години.

mitko-Jovanov-slika-za-kolumni1

Соопштенијата со ваквите тврдења ДПМНЕ може да си ги праќа за интерни потреби а со цел себе си да се залажуваат ако тоа им помага психолошки за да ја потиснуваат реалноста а кои се навреда на здравиот разум на граѓаните. Со ваквите одговори во нивните соопштенија ДПМНЕ ги навредува граѓаните, меѓу кои и своите членови и подржувачи. Не прави врхушката ДПМНЕ сите нас граѓаните дека сме глуви, недоветни, не разумни, не упатени,  за ние да им веруваме во тоа што тие ќе ни го кажат.

Ако тврдењето на ДПМНЕ дека снимките се креирани, монтирани и лепени, впрочем ако така лесно се креираат и монтираат, тогаш предлагам ДПМНЕ да креира, монтира и налепи телефонски разговори и потоа да ги прикаже на јавноста, со што ќе го демонстрираат практично  тоа што го тврдат во нивните соопштенија за снимките кои ги објавува Заев.

За потребите на ДПМНЕ за практично да го презентира тоа што го тврдат, се пријавувам доброволно  мои разговори преку телефон да ги снимаме, ако веќе не се снимани од некои странски служби а сепак наши (странско ама наше), со некој било кој соговорник, и потоа тие разговори би ги ставил на располагање на ДПМНЕ за како знае и умее, да ги креира, монтира, лепи и што сака да прави, потоа да ги пушти во јавноста за да видиме дали ќе звучат автентично или не.

Иако, дел од личностите кои се во објавените снимки, не ги негираат разговорите, но штом запнале ДПМНЕ со тврдење дека се креирани, монтирани, лепени-тогаш ајде практично покажете го тоа како се прави, наместо да манипулираат со граѓаните.

Постојат десетици институции во светот кои може да утврдат снимки се монтирани а кои оригинали. Ако снимките кои ги објавува Заев, се монтирани, досега власта ќе ги испаратеше до најмалку три институции кои ќе го потврдеа тоа. Но, маката е дека снимките се оригинал!

Митко Јованов

Извор; http://mitkojovanov.net/

ОВАА НЕДЕЛА

СОПРУГАТА НА ИГОР ЈУГ: ЕДНА РЕЧЕНИЦА ДА МЕ ПОСЛУШАШЕ, СЕГА УШТЕ ЌЕ БЕШЕ МЕЃУ НАС

Сопругата на Игор Југ, еден од осудениците за настаните...

СТОЈЧЕВСКИ: ВОЗЕЛ ПИЈАН, БЕЗ ВОЗАЧКА, НАПРАВИЛ СООБРАЌАЈКА – БАРАМЕ ОСТАВКА ОД ПРАТЕНИКОТ СЕРГЕЈ ПОПОВ

Прес конференција на Социјалдемократската младина на Македонија, Трајче Стојчевски...

КУЗМАНОВСКА: СКАНДАЛОТ СЕ ШИРИ, СЕРГЕЈ ПОПОВ НАМЕСТО ЗАТВОР ДОБИЛ КАЗНА ОД 500 ЕВРА

Изјава за медиуми, Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ Почитувани, Скандалот со...

БЕРБОК: УКРАИНА И ЕВРОПА МОРА ДА БИДАТ ВКЛУЧЕНИ ВО МИРОВНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА УКРАИНА

Трамп им нареди на највисоките американски функционери да започнат...

БИТИЌИ: СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ СИ ЗАМИНУВААТ, ВЛАДАТА СО ХАРТИЈА ГАСИ ПОЖАР

„Доколку ги тргнеме слоевите на сложениот правен вокабулар  и бирократскиот...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ