Граѓанската асоцијација МОСТ на првата пресконференција која се одржа утринава соопшти дека сите избирачки места каде имаат распоредено свои набљудувачи се навремено отворени.
Единствено гласачкото место 2344 во општина Студеничани не е отворено во 7 часот бидејќи лицето кое го имало клучот не сакало да ја отвори просторијата каде требало да се гласа.
Повикуваат на фер и демократски избори и апелираат до граѓаните да пријават секакви неправилности.