Мора да им се честита на лудилото што го демонстрираат и желбата за опстанок

0
669

Колку што разбирам, Груевски и компанија за сопственото спасување ја одбрале тактиката на целосно негирање на реалноста и “силување” на “својот” дел од народот – нешто што најдобро го имаат извежбано досега.

Негирање на реалноста дека избори не може да има кога бојкотира и опозиција и нивните доскорешни коалициски партнери, и “силување” на се врз што може да повлијаат од “народот” да учествува во нивниот изборен театар на апсурдот.

Идејата е да направат будали од што поголем број луѓе и тоа да го прогласат за демократски легитимитет!

Да не си им во кожата, и ним и на нивните поддржувачи и гласноговорници. Тоа може да ја продолжи уште малку агонијата, но исходот е ист и јасен. Едно е сигурно, мора да им се честита на лудилото што го демонстрираат и желбата за опстанок.

Така и треба, никогаш не се предавај, можеби ќе избие нуклеарна војна и се ќе се смени! Ова ми личи на изгубена партија шах, останал само крал и по некој коњ, противникот има се, но губитникот не се предава во надеж дека може да извлече барем пат.

Навистина, вредно за почит, мислете што сакате.

Фејсбук статус на Жарко Јорданоски