МОНТИ ПАЈТОН СЦЕНАРИО : МИЈАЛКОВ ГИ КУПИ КОНФИСКУВАНИТЕ СТАНОВИ НА МИЈАЛКОВ НА ВОДНО

0
557

Фирмата на Јордан Мијалков, „Бест веј инвестмент“ е новиот сопственик на трите стана и гаража на Водно, конфискувани од неговиот татко, екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, во случајот „Империја“.

„Бест веј инвестмент“ купила два елитни стана на улицата Славејко Арсов од 73 квадрати кои се продадени по 102.000 евра, оној од 78 квадрати за 107.000 евра, додека за гаражата од триесетина квадрати, фирмата на Мијалкови платила 20.000 евра.

На 21 година неговиот синот на Сашо Мијалков станува сопственик на оваа компанија. Тој оперира со две бензински пумпи во месноста Смоквица, близу Гевгелија, и уште една во скопска Пинтија. Преку оваа компанија, Јордан Мијалков има удел и во луксузниот хотел „Мериот“, сместен на самиот скопски плоштад.

Во случајот „Империја“, Јавното Обвинителство од Мијалков конфискуваше имот со проценета вредност од околу 15 милиони евра. Мијалков тогаш призна вина, а доби и три години затвор за предметот во кој беше обвинет за перење пари.