МОНСТРУМ И ПОМИРУВАЊЕ НЕ ОДАТ ЗАЕДНО

0
349
Скандирањето “УЧК“, “Етничка Албанија”, мавтањето со мапи на “Голема Албанија“ како и каменувањето на полицајците кои само си ја вршеа својата работа, за време на вчерашниот протест за Монструм, не одат во прилог на процесот на помирување за кој толку многу зборуваме и се залагаме, поради што треба да бидат цел на силна општествена осуда од сите значајни општествени фактори.

Иако правото на протест е неприкосновено, сепак иритира фактот дека вчера се протестираше против судски пресуди со кои за виновни се прогласени убијци и помагачи на убијци на 5 лица од кои 4 деца. И сетоа тоа без трошка сочувство кон семејствата на убиените деца.

Затоа, апелирам! Не треба така, не е добро така. Штетно е за кревкиот процес на меѓуетничко помирување бидејки вистинското помирување е двонасочен процес во кој активно и внимателно треба да бидат вклучени двете страни.
Фејсбук статус на генерал Стојанче Ангелов.