Тој, својот револт го насочи кон јавноста, која според него многу брзо заборавила на семејствата на загинатите и повредените од пожарот во дискотеката во Кочани. Момчето рече дека донациите во последно време се намалиле а на повредените ќе им требаат многу пари за да се опорават.
Во своето обраќање кажа и дека Кочани со децении е заборавен град и дека никој ништо не презема за да се подобрат условите за живот. „Толку ли брзо заборавивте на нас од Кочани? Зошто тој град никогаш не бил битен? Да направиме нешто за тој град. Наместо да се отвораат нелегални дискотеки нека направат нешто во Кочани. Нека направат некој културен центар, спортски центар. Нека отворат некое кино, наместо деца да одат по такви места да се глупираат таму, нека гледаат филм“, рече човекот од Кочани.