МОМИРОСКИ : ПАЧЕШКОСКИ ВО ТУТУНСКИ КОМБИНАТ ВРАБОТИЛ 70 ПАРТИСКИ ВРАБОТУВАЊА БЕЗ ПЛАН И СОГЛАСНОСТ НА СТРАТЕШКИОТ ПАРТНЕР ФИЛИП МОРИС

0
214
Деновиве се повеќе се шпекулира дека предизборно вработените во Тутунски комбинат над 70 партиски избраници на Цакио ќе бидат отпишанени од работа НЕ СЕ ТОЧНИ!!!

А што е точно и што не е точно.Вистина е дека овие вработувања се извршени без план и согласност на стратешкиот партен Филип Морис.Но тоа нема никава врска со отпуштања од работа.Точно е дека по изборот на ,,историски најдобриот и најистакнат експерт во тутунската индустрија ,,генералниот директор на комбинатот Зоран Пачешкоски, прилепскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ не гугна!!! Освен за споменатите вработувања кои патем да спомнам се спротивни на ,,ПАКЕТОТ ЗА ПРОДУКТИВНОСТ,, на Филип Морис кој не дозволува повеќе од 260 вработени од кои најголем дел треба да бидат во производство а не во непродутвни вработувања.

А сега се вработени околу 370. Точно е дека Цакио сака да поднесе оставка и брза да се врати во УЈП, место обезбедено од неговата пријателка и актуелен потпрадесетелка на СДСМ Сања Лукаровска.Ама е точно и дека ова не ќе може брзо да го направи.Туку ќе си поседи во дозавршува на крајот од директорската фотеља најрано до јули –август. Или септември-октомври. Тоа се рокови за свикување и одржување на вонредно собрание на акционери.

До тогаш оние кои тој ги остави во институциите со привремени договори за работно ангажирање ќе си бидат дома.Исто така е точно дека наводно на тие што им ветил дека по изборите ќе бидат вработени во комбинатот ги ЛАЖЕЛ и сега бегал од луѓето како џавол од темјан.Но најважно и најточно е дека 10 годишниот договор за стратешко партнерство со Филип Морис завршува на крајот од овој месец.

Плус 12 месеци по завршување на официјалниот рок од договорот.Е сега се поставува прашањето кој ќе биде седниот потег на владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ до следниот мај ?!? А, притоа да се задржи и да се продолжи партнерството со ФИЛИП МОРИС ?!?

Извадок од колумната ,,Во Прилеп нема проблем, а се е проблем” на Зоран Момироски.