Monday, December 2, 2024
8.8 C
Skopje

МОМИРОСКИ : ОЛИВЕР ЛУКАРОСКИ, ЕМИЛИЈА ВЕЛКОСКА И ДАРКО ЦУЦУЛОСКИ СЕ СУСПЕНДИРАНИТЕ И НАБРКАНИТЕ ОД ПОЛИЦИЈА, ПРОТИВ НИВ ЌЕ БИДЕ ПОДНЕСЕНА КРИВИЧНА ПРИЈАВА, ИСТИТЕ СЕ ОБЕЗБЕДИЛЕ МАТЕРИЈАЛНО ДО ТРЕТО КОЛЕНО!

Врие на социјалните мрежи,по одлуката на министерот на МВР да суспендира и да му ги прекини договорите за вработување на 25 високи полициски службеници инволвирани во давањето на дозвола за оружје.На списокот се и тројца од градов Оливер Лукароски екс заменик директор на крим полицијата ,Емилија Велкоска екс шеф на прилепската крим полиција и Дарко Цуцулоски екс командир на прилепската полиција.

Според официјалното соопштени на МВР тие работеле спортивно на закон. Селективно издавале дозволи за поседување на оружје а за сите се обезбедени соодветни докази. Покрај тоа што се суспендирани и избркани од работа врз основа на насоки од јавен обвинител ќе му бидат поднесени и кривични пријави за злоупотреба на службената положба и овластување. Така стои меѓудругото во официјалното соопштение на МВР.Како ќе заврши оваа ,,чистка,, ќе покаже времето и судот.Но факт е дека тројцата како и многу други се имаат обезбедно и со имот и со солиден материјален и егзистенционален потенцијал.

Дури ти имало кај овие а се разбира и од други семејства вработено солуден подмладок со што фактички истите се топ обезбедни до трето колено. Какви и да се коментарите на граѓаните на социјалните мрежи за овој ,,циркус,, тие се многу,многу непријатни. Како и да е ова признале или не е голем удар и на ОО СДСМ -Прилеп.

Пред се ,за пратеникот Миле Талески, за довчерашниот претседател Зоран Пачешкоски – Цакио , за прилепскиот шеф Капо Ди Туту Капи кој сега изигрува не сум од земјава туку од Марс и за тајфите околу овие луѓе.За сите оние кои под покривот на ,,нашето ,, оти навистина мислат е нивно лично ,, АД СДСМ Прилеп ,, еден ден ќе треба да кажат како и од кој се имаат вработувано млади кадари токму во полицијата .И дали тие се тие кои ја направија сејмено фамилијарна ,,фирма,,.Полна со мои – твои , значки пиштоли пендраци и со овластувња преку кои можат ,,да палат и жарат,,.

Фејсбук статус на новинарот Зоран Момироски.

ОВАА НЕДЕЛА

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ