МОМИРОСКИ : ЛОКАЛНАТА И ЦЕНТРАЛНАТА ВЛАСТ ДА СИ ГО ПОДОБРАТ ОДНОСОТ СО НОВИНАРИТЕ И ДА ПОЧНАТ ДА РАБОТАТ ЗА ГРАЃАНИТЕ БИДЕЈЌИ ТИЕ ОЧЕКУВААТ РЕЗУЛТАТИ

0
439
Деновиве мојот колега Дарко Штаргоски преку социјалната мрежа Фејсбук отворено ги повика и постави прашања но и дилеми за игнорантскиот однос на локалната и централната власт кон новинарите.
Притоа тој вели ,,сами си се снимаат сами си даваат изјави и сами ги праќаат по порталите, телевизиите и радио станиците”. И констатира дека ниту на едните ниту на другите новинари не им требаат. Тогаш му порачав дека за тоа е виновна фелата. А сега му порачувам и него и на останатите дека одговорот можат да го најдат по ново формираниот еднонаменски портал ,,Котлина.МК”. Како и ,,Станица.МК”.
Тука е одговорот на прашањат зошто прилепските професионални новинари и партиски поединци ги игнорираат и зошто градот остана без професионални медиуми радио станици и телевизија во градот кој го имаше најстаро и најдобро опременото Радио Прилеп и првата регионална телевизија ТВ Прилеп во Македонија.
По овој најнов портал на кој му посакувам успех станува јасно дека на локалните власти во име на граѓаните а за свои потреби да ја дефокусираат јвноста не им треба критички ,,прозорец” кон нашата подобра иднина. Таквите треба финансиски, етички, морално и професионално да се уништат. А ,,моето јас да не биде посилно и по вистинито од вашето јас”, што ќе рече гледајте со наши очи во она што и ние не го гледаме. Бидејќи објективно во изминативе 5 месеци чесно и спокојно си ги одспавте.

Епа наши прилепски функционерчиња и ,,функционеришта”, народот не ви даде доверба со 7.500 гласа за вакво недоквакан однос. Во интерес на вистината проекциите беа 2.500 разлика. Добиените плус 5.000 се од незадоволните од предходната локална власт и од поделеното членство на СДСМ помеѓу Сугарески и Талески од една страна и екс градоначалникот Илија Јованоски од друга страна.

Ете ова треба да ви биде поука, ако ви биде во иднина. А не да ја дефокусирате јавноста со етикетирања на луѓе или со тоа кој бегал од страв. Демек од јаката локална власт или од победничката ВМРО-ДПМНЕ. Пролетта во Охрид во Битола и некој скопски општини одамна е дојдена. Таму се работи. Општините добиваат нов лик, а овде во Прилеп сеуште е кочан зима. Граѓаните чекаат, новинарите чекаат, јавноста очекува, а времето минува.
Пишува : Зоран Момироски, новинар.