МОМИРОСКИ : ИСТОРИЈАТА СЕ ПОВТОРУВА, КОГА ГРУЕВСКИ ВО 2006 ГОДИНА ДОЈДЕ НА ВЛАСТ СО ШЕСТ ПРАТЕНИЦИ ЗА СДСМ СО 18 ПРАТЕНИЦИ СЕКОГАШ ИМА РЕШЕНИЕ

0
552

Со завршувањето на прегласувањето во 5-та и 6-та изборна единица, официјално завршија Парламентарните избори 2024.

Резултатите се такви какви што се и не треба некоја посебна анализа за да се дојде до заклучоците за изборниот резултат на СДСМ, историски најлош.

Сега треба да се бараат и да се понудат решенија.

Дали има решенија? Да, има!

Решенија секогаш има, но треба визија и трпеливост.

Кои решенија ги гледам јас во иднина:

1. Промена на партискиот статут, со што претседателите и раководствата на општинските организации ќе се избираат на општински конференции.

2. Хоризонтална организациска поставеност на телата и органите на партијата, како на централно така и на општинско ниво, така што идеите и политиките ќе се влечат од Извршните одбори и на централно и на локално ниво. Јаки извршни одбори со креативци, а не звучни имиња. Така извршните одбори ќе имаат слобода да креираат политики но и одговорност за истите.

3. За лидер не треба звучно име, треба човек кој ќе знае да состави тим и да му даде слобода на тимот да биде креативен.

4. Централата треба да ја влече енергијата од Општинските организации, а не обратно. Со силна база(силни Општински организации) ќе имаме силна партиска структура. Притоа не заборавајте дека следните избори се Локални. Токму затоа ни требаат силни Општински организации.

5. Идеологија. Тука мислам дека СДСМ има премногу да понуди. Македонија сеуште има девастиран социјален систем. СДСМ итоа како треба да понуди решенија за подобар социјален систем, социјална рамноправност, подобри и повеќе училишта, градинки, старски домови, професионализација на државната и јавната администрација, повеќе пари за здравството, повеќе буџетски средства во создавање на нов социјален систем и уште многу левичарски мерки.

Притоа не заборавајте дека во 2006 година Груевски имаше само шест пратеници, па дојде на власт.

Историјата секогаш се повторува!

Ова е само мое видување, СДСМ има капацитет!

Фејсбук статус на Петар Момироски.