Monday, December 2, 2024
8.8 C
Skopje

МОМИРОСКИ : ДАЛИ АКТИВИСТ НА ОО СДСМ ПРИЛЕП ПРЕКУ БОТ ФЕЈСБУК СТРАНИЦА ВО СЕВЕРНОКОРЕЈСКИ СТИЛ СИ ЗЕМА ЗА ПРАВО ДА УДИРА ВРЗ НОВИНАРИТЕ ВО ПРИЛЕП?!

УШТЕ ЕДЕН СИЛЕН УДАР ВРЗ ПРИЛЕПСКИТЕ НОВИНАРИ. ОВОЈ ПАТ ПРЕКУ ФБ ПРОФИЛОТ ,,ПРИЛЕП  ПРАВДА ВИСТИНА“.СТАНУВА ЗБОР ЗА ЕДЕН ОД ПОНОВИТЕ ФБ ПРОФИЛИ НАМЕНСКИ ПРЕДИЗБОРНО ПОДГОТВЕН НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ. ЛЕГИТИМНО ЗАПОЧНУВА ДА ВОДИ ПРЕДИЗБОРНА КАМПАЊА ПРОТИВ ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА. ТОЧНО НА ОВОЈ ПРОФИЛ ЕДНОНАМЕНСКИ НЕКОЈ СИ ЗЕМАЛ ЗА ПРАВО И MEЃУДРУГОТО ПИШУВА: ДАЛИ ИМА ЕДЕН ЧЕСЕН НОВИНАР ВО ПРИЛЕП ДА МУ ПОСТАВИ ПРАШАЊЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ШТО НАПРАВИ ЗА ДВЕ ГОДИНИ ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ ВО ПРИЛЕП?

ПА СЛЕДИ ПРАШАЊЕ: КАКО Е МОЖНО ШТАРГОСКИ, МУРГОСКИ, МОМИРОСКИ, ДУРЛО, КАКО Е МОЖНО РАДИО ПЕЛА, РАДИО ХОЛИДЕЈ, ЗЕНИТ, ДА МОЛЧАТ ЗА УНАЗАДУВАЊЕТО НА ПРИЛЕП? ПРВО НЕЗНАМ КОЈ СИ ЗЕЛ ЗА ПРАВО  ПРЕКУ ПРАШАЊЕ ДА СУГЕРИРА  ШТО ТРЕБА И КАКО ТРЕБА ДА РАБОТАТ НОВИНАРИТЕ. НЕЛИ СЛОБОДНОТО НОВИНАРСКО ИЗРАЗУВАЊЕ И ИНФОРМИРАЊЕ Е ЛИЧНО УБЕДУВАЊЕ НА НОВИНАРОТ. НО И СТАВ НА РЕДАКЦИЈАТА.

УСТИТЕ  ВИ СЕ ПОЛНИ ЗА СЛОБОДА НА НОВИНАРИТЕ. ЗБОРУВАТЕ ЗА ДЕМОКРАТИЈА. А ВО СВЕСТА ДЛАБОКО  СИ НОСИТЕ СЕВЕРНО КОРЕЈСКА МАТРИЦА. ЗА ЛИЧНИТЕ СТАВОВИ НА КОЛЕГИТЕ НЕ САКАМ ДА КОМЕНТИРАМ ИЛИ ДА НАГОДУВАМ. ПРИТОА НА ПИШУВАЧОТ НА ОВОЈ ТЕКСТ САКАМ ДА МУ ПОРАЧАМ ДА НЕ СИ ДОЗВОЛУВА ТАКОВ ЛУКСУЗ ДА ГИ ГУБИ НОВИНАРИТЕ, ОСОБЕНО НЕ ВО ПРЕДИЗБОРНА КАМПАЊА. ВТОРО, МИСЛАМ ДЕКА ТОЈ ИСТ АВТОР НА ОВОЈ ТЕКСТ, НЕМА ПРОЧИТАНО ТОЛКУ КНИГИ КОЛКУ ШТО ИМАМ НАПИШАНО И ОБЈАВЕНО НА РАДИО ПЕЛА ВО ОВИЕ 56 КОЛУМНИ. И ТРЕТО, ПРИЛЕПСКАТА ОПОЗИЦИЈА ДА ОДРЖЕШЕ ТОЛКУ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ КОЛКУ ШТО ВО ОВИЕ КОЛУМНИ БЕА ТРЕТИРАНИ КЛУЧНИ ТЕМИ, ДО СЕГА ПОДОБРО ЌЕ РАБОТЕШЕ И ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ И НЕМАШЕ ДА БИДЕ  КАКО ШТО ПИШУВАТЕ  „УНАЗАДЕН ПРИЛЕП“.

ИСКРЕНО ВЕ ЗАМОЛУВАМ НЕ СЕДЕТЕ, НЕ ТЕФТИШЕТЕ  И НЕ ПИЈАЈТЕ ТОЛКУ КАФЕ И ЧАЈ. НЕ ЛАПАЈТЕ НА ГАГЕ ЛАПАЧКИ ВО УГОСТИТЕЛСКО ОБЈЕКТИ КАДЕ ШТО СЕ СОБИРАТЕ. ОВА СЕ КЛУЧНИ И СЕРИОЗНИ ИЗБОРИ.

СО ВАКВИ ЕВТИНИ ШТОСОВИ  НЕМА ДА УСПЕЕТЕ МНОГУ ДА ГО ПОПРАВИТЕ  РЕЗУЛТАТОТ ОД ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ. И НА КРАЈ, ОВОЈ МЕТОД НА КАМПАЊА ИМАШЕ  ЕФЕКТ НА КРАЈОТ ОД МИНАТИОТ И НА ПОЧЕТОКОТ ОД ОВОЈ ВЕК. СО УДАР ВРЗ НОВИНАРИТЕ И НА СРЕДСТВАТА ЗА ЈАВНО ИНФОРМИРАЊЕ САМО ПОТВРДУВАТЕ  ДЕКА ВООПШТО НЕ СЕ РАЗЛИКУВАТЕ СО ОНИЕ КОИ БАРАА АКРЕДИТАЦИИ НА НОВИНАРИ НА 11 ОКТОМВРИ НА ПАРКОТ НА РЕВОЛУЦИЈАТА, САКАЈЌИ ПРЕКУ НОВИНАРСКИОТ ГРБ ДА НАПРАВАТ ЦИРКУС ЗА ЕДНОДНЕВНА УПОТРЕБА. НЕ УСПЕАА НИ ТИЕ, НЕМА ДА УСПЕЕТЕ НИ ВИЕ.

Зоран Момироски во колумната ,,Во Прилеп не е проблем, а се е проблем” на ,,Радио Пела”.

ОВАА НЕДЕЛА

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ