МОЖНО ЛИ Е РЕНОМИРАНИОТ ,,ФОКУС” ДА СТАНЕ ПАРТИСКИ БОТ НА ВМРО-ДПМНЕ КОЈ 24/7 ВОДИ ТЕШКА ХАРАНГА ПРОТИВ АРСОВСКА, МОЖНО ЛИ Е И ОВОЈ МЕДИУМ ДА ГО НАМАЧКАА СО УНГАРСКО МАСЛО?!

0
413

Некогашниот угледен и реномиран весник ,,Фокус” а сега веќе и на интернет се повеќе наликува на партиски бот на ВМРО-ДПМНЕ кој последните денови води тешка харанга против градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска.

Невозможно е да не се забележи таа харанга и таа медиумска артилерија по социјалните мрежи од страна на ,,Фокус” кој хронолошки гледано повеќе од очигледно е дека последните месеци води вмровска хајка против Арсовска и нејзините луѓе кои таа ги назначи како раководители и директори каде има и тешки клевети за сопругата на Ацо Мечка, уредникот на ,,Инфомакс” дека наводно е веќе и на платен список кај Арсовска.

Следејќи го овој начин на медиумска харанга се запрашуваме едно, а тоа е следното, дали е можно некогашниот угледен и реномиран медиум со кои генерации пораснаа и учеа од него новинарство, учеа како да бидат критички кон властите но и кон опозициските партии да стане обичен бот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ со вакви излетани текстови кои налик изгледаат на партиски памфлет отколку на текст напишан во просториите на овој медиум?!

Можно ли е Јадранка Костова да падне толку ниско да дува во иста тиква со ВМРО-ДПМНЕ?! Можно ли е покрај се што се случи изминатите 17 или 18 години од кои 12 години на владеење на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски да падне под палката на куртон медиумите?! Зар и Јадранка успејаа да ја намачкаат со унгарско масло?!