Friday, April 25, 2025
11.8 C
Skopje

МНР : ПОСЛЕДНИТЕ АКТИВНОСТИ ОД БУГАРИЈА НЕ СЕ ВО СОГЛАСНОТ СО ДОГОВОРЕНАТА ПРАКТИКА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ОДНОСИТЕ

Министерството за надворешни работи смета дека последните активности на официјална Софија не се во согласност со договорената практика за унапредување на меѓусебните односи. Повлекувањето на бугарскиот амбасадор од земјава, според МНР, е неоснован и непоткрепен чекор со валидни аргументи.

– Министерството за надворешни вработи со внимание ги следи изјавите и активностите кои доаѓаат од Република Бугарија и со жалење констатира дека последните активности на официјална Софија, не се во согласност со договорената практика за унапредување на меѓусебните односи; напротив, тие претставуваат потклекнување кон провокациите на оние кои сакаат да ги нарушат напорите на двете Влади за стабилен и позитивен развој на односите меѓу двете земји, се вели во соопштението од МНР.МНР посочува дека повлекувањето на амбасадор на консултација во матичната држава е право на земјата испраќач и е редовна дипломатска пракса, но констатира дека ваквиот чекор на бугарската страна е неоснован, непоткрепен со валидни аргументи и непропорционален.

– Република Северна Македонија покажа силен демократски и институционален капацитет и низ брза и ефикасна постапка го стави последниот инцидент низ правосудните процеси, откривајќи ги и приведувајќи сторител на кривичното дело, против кого активно се водат истражни дејствија. Дополнително, преку своите изјави на највисоко ниво, Претседателот на државата, Премиерот на Владата и Министерот за надворешни работи го осудија инцидентот, а Министерот дополнително оствари итна посета на Софија, вклучувајќи посета и на повредениот со цел јасно да ја демонстрира одлучноста на државните органи во обезбедување правна сигурност, безбедност и одржлив јавен ред, велат од МНР.

Во периодот што следи, од МНР очекуваат смирување на страстите и отстранување на провокациите со цел повторно враќање на дипломатските активности, приоритетите кон заедничките проекти, работните групи итн.,

– Во периодот што следи остануваме внимателно да ги следиме сите изјави и постапки на официјална Софија, очекувајќи смирување на страстите и отстранување на провокациите, со цел повторно враќање на дипломатските активности, на приоритетите кон заедничките проекти, работните групи итн., кои се во насока на зачувување и унапредување на добрососедските односи, се наведува во соопштението од МНР.

Бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков вчера по седницата на Комисијата за надворешни работи изјави дека го повлекуваат амбасадорот Ангел Ангелов се додека Софија не види знаци на промена.

ОВАА НЕДЕЛА

МУЦУНСКИ: БУГАРИЈА СЕ УШТЕ НЕ ОДГОВОРИЛА НА БАРАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА ЗА СРЕДБА

угарија се уште не одговорила на барањето на Македонија...

ЗАХАРОВА: УКРАИНСКИТЕ СЛУЖБИ СЕ ВМЕШАНИ СО УБИСТВОТО НА РУСКИОТ ГЕНЕРАЛ МОСКАЛИК

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи – Марија...

ТЕТОВЕЦ ЗА НОВА ГОДИНА ЈА ТЕПАЛ СОПСТВЕНАТА СЕСТРА, И СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ПИШТОЛ

31-годишен жител на Тетово ќе одговара за две кривични...

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ НЕГИРА ДЕКА ИМА ЗЛАТНА ВИЗА ЗА ДУБАИ

Изминатиот период ВМРО-ДПМНЕ преку соопштенија во јавноста прашува на...

НОВ НАПАД ВРЗ СОЦИЈАЛЕН РАБОТНИК, ОВОЈ ПАТ ВО СКОПЈЕ – НАПАЃАЧОТ ФРЛАЛ ПРЕДМЕТИ И КРШЕЛ ИНВЕНТАР

Жител на Тетово вчера физички нападнал вработен во Меѓуопштинскиот...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ