МНР : ДОКОЛКУ ИМА НАШИ ДРЖАВЈАНИ ВО СУДАН ДА ЈА КОНТАКТИРААТ АМБАСАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО КАИРО

0
360

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија со внимание го следи развојот на состојбите во Република Судан.

Според досегашните информации добиени од нашата Амбасада во Каиро, како надлежно дипломатско – конзуларно претставништво за Судан, во моментот нема наши државјани кои престојуваат во земјата, а воедно, од почетокот на тензиите во земјата, не се регистрирани повици од наши државјани на кои им е потребна помош.

Во оваа прилика апелираме доколку има наши државјани кои се наоѓаат во територијата на Судан да ја контактираат Амбасадата на Република Северна Македонија во Каиро на следниот телефонски број +201033615542 и е-мејл адреса [email protected], како и Министерството за надворешни работи на СОС телефонот + 389 75 273 732 и следната емејл адреса [email protected]