Saturday, May 24, 2025
11.8 C
Skopje

МНОГУ МАКЕДОНЦИ И ОВАА ГОДИНА ЌЕ ЗАМИНАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА, ЕВЕ КОЛКАВИ СЕ ПЛАТИТЕ

Според податоците на Министерството за внатрешни работи на Република Хрватска, во првите два месеци од годинава во Хрватска се издадени 32.725 дозволи за престој и работа, од кои најмногу во градежништвото (12.792), потоа туризмот и угостителството. (8.088), индустрија (4.430), транспорт и врски (2442) и трговија (1183).

Најголем број дозволи за престој и работа до 29 февруари годинава се издадени на граѓаните на Непал – 7.038, потоа на оние од Босна и Херцеговина – 6.039, Индија – 3.469, Србија – 3.317, Филипините – 2.936, Бангладеш – 2,272, како и Северна Македонија, Косово, Турција и Узбекистан.

Што се однесува до дејностите, и лани и на почетокот на годинава најмногу дозволи за престој и работа се издадени во градежништвото и во туризмот и угостителството.Македонците и оваа година на сезонска работа во ХрватскаИако не се најбројни, голем е бројот и на Македонци кои и оваа сезона ќе работат во Хрватска. Македонците, според агенциите кои посредуваат, најмногу работат во секторот туризам, како келнери, шанкери, готвачи, пица мајстори…

Главната причина поради која Македонците бараат работа во Хрватска се повисоките плати, кои се движат од 1.000 до 2.500 евра.Покрај платите, келнерите имаат и добар бакшиш, па така некои заработуваат уште една плата само од бакшиш.

Иако платите во угостителството растат и во Македонија и во некои локали достигнуваат и до 1.000 евра, сепак не можат да се споредат со приходите кои работниците би ги оствариле во Хрватска.Оваа година повисоки плати на ЈадранотПоследните информации кои ги објавуваат хрварските и босанските медиуми се дека платите на Јадранот се покачени оваа сезона, особено за пица мајстори, на кои им се нуди плата од 2.500 евра.

Лошо е што во поголемиот број огласи, тоа подразбира 9 часовно работно време, без слободен ден, а голема е побарувачката и за скара мајстори.Според последните податоци на хрватското Министерство за внатрешни работи, минатата година на Македонци биле издадени 13.412 работни дозволи. Но, ако се земе во предвид дека голем број работници работат на црно, бројката на македонски работници во Хрватска е многу поголема.

Извор : Центар.МК

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

В СРЕДА ЌЕ СЕ ГЛАСА ЗА ПРЕДЛОГОТ СЛАВЕСКИ ДА БИДЕ НОВ ГУВЕРНЕР

Собранието за среда, 28 мај, ја закажа седницата на...

ТАРАВАРИ: ВРАТАТА ЗА ТИЕ ШТО ЗАМИНАА ЗАСЕКОГАШ Е ЗАТВОРЕНА, ТИЕ СЕКОГАШ БЕА САТЕЛИТИ

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, изјави дека...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ