МНОГУ ЛОША ПЕСНА И МНОГУ ЛОШ НАСТАП НА НАШАТА ПРЕТСТАВНИЧКА НА ЕВРОВИЗИЈА, НЕ СЕ ПЛАСИРАВМЕ ВО ФИНАЛЕТО, ПОВЕЌЕ СРЕЌА ДОГОДИНА

0
540

Во Торино, Италија, се одржа втората полуфинална евровизиска вечер, на која настапија Македонија, Финска, Израел, Србија, Азербејџан, Грузија, Малта, Сан Марино, Австралија, Кипар, Ирска, Естонија, Романија, Полска, Црна Гора, Белгија, Шведска и Чешка.

Андреа Коевска, која ја претставуваше земјава со песната „Кругови“ на Александар Масевски не се пласираше во финалето, кое ќе се одржи на 14-ти мај. Таа настапи 11-та по ред, а уште откако беше промовирана песната, речиси постојано се наоѓаше на последното место во обложувалниците.

Во финалето се пласираа Белгија, Чешка, Азаербејџан, Полска, Финска, Естонија, Австралија, Шведска, Романија и Србија. На првата полуфинална вечер која се одржа во вторникот, за влез во финале се изборија Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија.

https://youtu.be/zvOihqB4eKk