Во атарот на штипското село Пиперево попладнето е пронајдено тело на млад маж. Според првичните информации, на телото има прострелна рана. Полицијата истражува што се случило и дали се работи за убиство.
Од СВР Штип потврдуваат дека пронајденото тело е пријавено околу 16 часот, а вечерва на местото увид вршат полицијата и јавен обвинител.
Повеќе детали се најавуваат за утре. Телото на починатиот ќе се предаде на обдукција.