Кочанската полиција вчераутро уапсила 24-годишен жител на градот, кој нападнал малолетно момче, а подоцна во полициската станица и полицаец, по што било откриено дека по него всушност е распишана потерница и дека треба да лежи во затвор, соопшти МВР.
„На 15.10.2024 во 08.45 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода В.З.(24) од Кочани затоа што физички нападнал малолетник од Кочани и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, а откако бил приведен во полициска станица физички нападнал еден од нив. По преземени мерки било утврдено дека тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна“, велат од МВР. По ова, младиот насилник бил спроведен во затвор во Куманово за издржување на казната, додаваат од полицијата.