Драги пријатели,
На гала вечер каде се славеше луѓе кои оставаат силен отпечаток во општеството, оние кои со својата визија, труд и големо срце ги инспирираат другите.
Во оваа категорија, еден човек се издвојува со својот несебичен придонес – човекот кој водеше борба за здравјето на сите нас за време на пандемијата, човекот кој обезбеди над 1 милион евра донации за подобрување на здравствениот систем, човекот кој направи разлика и кој ја претвори својата посветеност во мотивација за другите. Тој не е само здравствен професионалец, тој е симбол за акција и вистинска промена.
На галата беше претставен и прогласен младиот шеф на кабинет на министерот за здравство, Сабри Азири за Маж на годината во категорија Општествена одговорност каде истовремено беше проследен со силен аплауз.
- Годината има 365 дена. Секој ден од годината не ни е убав но во секој ден има нешто убаво. Од срце ви благодарам што овој ден ми го направивте посебен и убав.
Неодамна напишав: ‘’Делата живеат вечно’’.За да живеат вечно некој треба да ги препознае, подржи и да ги мотивира.
Човек е успешен онолку колку што успеал да инспирира други луѓе за секој ден да бидат најдобра верзија од себе.Благодареније на организаторите сите ние вечерва на кои ни е доделана награда сме мотивирани и инспирирани понатаму да продолжиме со нашите дела со уште поинтензивно темпо до инфинити.
Јас доаѓам од клинички центар Мајка Тереза, доаѓам од градот на Мајка Тереза.
Жена хуманист, нобелист која додека беше жива правеше мали работи но со големо срце.Тргнала од оваа мала земја и со својот несебичен труд и ангажман го освоила цел свет со хуманост и добрина.
Токму таа е моја инспирација за она што го работам и сакам.
Им се заблагодарувам на сите кои веруваа и веруваат во мене посебно на мојата фамилија, на бога и на космосот.
Изјава на младиот Сабри Азири по повод номинацијата за ,,Маж на годината” во категорија општествена одговорност.