МЛАДИОТ НИКОЛЧЕ МИСКОСКИ КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ ВЧЕРА ГИ ПОСЕТИ ЖИТЕЛИТЕ НА ГОДИВЛЕ И КОРЕНИЦА, ЗБОРУВАШЕ И СЛУШАШЕ ЗА ПРОБЛЕМИТЕ НА ЖИТЕЛИТЕ

0
473
Вчера, заедно со носителот на Советничката листа од СДСМ Горан Новакоски имавме средба со жителите на селата Годивле и Кореница.

Клучно и појдовно ни е обезбедувањето на сервисна локална администрација, која максимално ќе биде насочена кон реализација на барањата и подобрување на услугите спрема жителите на општината.

Комуналната инфраструктура ќе остане во фокусот, а во општина Кривогаштани плански ќе ги зајакнеме капацитетите на „ЈП Пелагонија“ и ова претпријатие ќе биде достапно, брзо и ефикасно за сите населени места.

Ќе продолжат капиталните проекти, реконструкција на улиците во сите населени места, како и реконструкцијата на локалните и полските патишта.

Фејсбук статус на кандидатот за градоначалник на Општина Кривогаштани, Николче Мискоски.