Saturday, December 14, 2024
-0.2 C
Skopje

Младински образовен форум: Бараме извинување од „Стоп операција Сорос“ за невистинитите обвинувања

Здружението на граѓани „Младински образовен форум”  изразува несогласување и револт за објавените неточни информации на прес конференцијата на трите претставници на „Стоп операција Сорос“  одржана на 4 февруари 2017, како и на написите на повеќе медиуми кои ги пренесуваат штетните и тенденциозни информации пласирани од говорниците.

На прес конференцијата и голем дел од написите поврзани со неа се пренесуваат неточни, малициозни информации во врска со средствата кои ги користи организацијата, нивната намена и активностите на МОФ.

Податоците презентирани за финансиските транфери на организацијата се погрешни и неточни, како и инсинуациите за нивната намена. Сите средства кои ги користи МОФ се добиени преку аплицирање со активности дефинирани од самата организација и за истите редовно се одговара пред донаторите и институциите.

Тврдењата дека организацијата е „крајно партизирана“ се неосновани, а МОФ како организација нема никогаш поддржувано партија или партиски кампањи.

Иако говорниците не’ повикаа за организирање протести, мора да истакнеме дека МОФ не организирал протести против ектерното тестирање ниту пак општо протести поврзани со образованието. Она што сме го направиле се петиции, анализи и препораки, врз основа на потребите на учениците и студентите, нашата експертиза и искуство, кои секогаш биле уредно доставувани до институциите на државата и јавноста, а се’ со цел да го подобрат образованието во Македонија, кое во моментов е на незавидно ниско ниво.

Безобразно е омалжувањето на годините труд и работа кои членовите и волонтерите на МОФ ги посветиле на подобрување на македонското општество како и тврдењата дека организацијата се активира „пред избори“. МОФ континуирано во последниве 18 години секогаш имал различни активности за потребите на младите – од обезбедување бесплатна едукација, културни и информативни настани, поддршка на волонтерството, промоција на стипендии и квалитетни дебати. Но меѓу тие активности не спаѓаат обвинувањата кои ги изнесоа говорниците од „Стоп операција Сорос“.

Од овие причини бараме јавно извинување од страна на „Стоп операција Сорос“ за изнесените невистини. Исто така бараме извинување и објава на овој демант од сите медиуми кои ги пренесоа неточните наводи. Бараме демантот и извинувањето да бидат објавени во согласно со Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета и тоа во рок од два дена од денот на приемот на ова барање, на истото место, време и обем, како и написите за кои ја доставуваме оваа реакција, спротивно ја користиме можноста да поднесеме тужба.

ОВАА НЕДЕЛА

КУРТИ ОД ЗАГРЕБ : СРБИЈА НЕ Е ДЕМОКРАТСКА, ТУКУ ПАРАВОЕНА ДРЖАВА

Повтори дека Србија стои зад нападот на каналот Ибар-Лепенац....

АВСТРИЈА ИМ НУДИ 1.000 ЕВРА НА СИРИСКИТЕ БЕГАЛЦИ ЗА ДА СЕ ВРАТАТ ДОМА

Австриската конзервативна влада денес објави дека на сириските бегалци...

НЕНСИ ПЕЛОСИ ПАДНА ПО СКАЛИ ВО ЛУКСЕМБУРГ, ВЕДНАШ Е ХОСПИТАЛИЗИРАНА

Ненси Пелоси, поранешната претседателка на Претставничкиот дом на САД,...

БАБА НА 90 ГОДИНИ ДОБИ ФАКУЛТЕТСКА ДИПЛОМА

Анет Роберж, 90-годишна мајка на пет деца, баба на...

ЖИТЕЛИТЕ НА ОВАА ЗЕМЈА СЕ ДОЛЖНИ ДА КАЧАТ АВТОСТОПЕРИ БИДЕЈЌИ ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ Е МНОГУ ЛОШ

Автостопот е најевтиниот, но и најризичниот начин на превоз....

ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ЗУРАБИШВИЛИ : ДЕНЕШНИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ ВО ГРУЗИЈА СЕ ПАРОДИЈА, ПРОВОКАЦИЈА И НЕЛЕГИТИМНИ

Претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили, чии овластувања истекуваат на...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ