МЛАДЕНОВСКИ ЗА КОЛЕЖОТ НА 27-МИ АПРИЛ : СОВЕТНИКОТ НА ИВАНОВ, СИНИША АЛЕКСОСКИ КАЖА ДЕКА ИВАНОВ ЌЕ ПОВИКА ВОЕНА СОСТОЈБА ЗА ДА СЕ АПСАТ ПРАТЕНИЦИТЕ НА СДСМ СО ВОЕНА ПОЛИЦИЈА КОЈА БЕШЕ СПРЕМНА НО НЕ СЕ СЛУЧИ!

0
916

Јосифовски е второ лице од кабинетот на Иванов кое се споменува во сведочењата на судењето за организираниот напад во Собранието во контекст на прогласување воена состојба. Во понеделникот, обвинетите браќа Стефан и Михаил Младеновски во својата одбрана пред судот кажаа дека им било пренесено дека Синиша Алексоски, советник за национална безбедност на Иванов, кажал дека во 22 часот ќе биде прогласена воена состојба.

„Стаса информација дека Синиша Алексовски се јавил и кажал оти Иванов ќе предложи воена состојба. Рече дека воена полиција чека на готовс да го апси раководството на СДСМ. Но, во 10 часот Иванов не го стори тоа“, рече во своето сведочење во понеделникот Михаил Младеновски.