26-годишната битолчанка која минатата недела, во случај кој ги вознемири жителите на градот, но и пошироката јавност, со нож повеќепати ги избоде сопствените баба и дедо, доби кривична пријава за обид за убиство, соопшти полицијата.
Во втората половина на јуни: Три хороскопски знаци влегуваат во одличен период за финансии „СВР Битола поднесе кривична пријава против Е.Т.(26) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид.
На 11.06.2025 во семејниот дом, пријавената со остар предмет им нанела убодни рани на нејзината баба Н.С.(70) и нејзиниот дедо П.С(78)“, пишува во полицискиот билтен.
Како што претходно извести МВР, младата жена веднаш по крвавиот инцидент била уапсена, а подоцна и спроведена во здравствена установа за понатамошна постапка.