МКЦ : ХОНОРАРЦИТЕ НА КОИ НЕ ИМ БЕА ПРОДОЛЖЕНИ ДОГОВОРИТЕ ЌЕ СЕ ВРАТАТ НА РАБОТА ПО ИЗБОРИТЕ

0
260

Откако деновиве се рашири веста дека на 30 лица кои се хонорарно ангажирани во Младинскиот културен центар (МКЦ) не им биле продолжени договорите, денеска преку писмено соопштение од МКЦ информират дека не се работи за своеволна одлука, туку за придржување на законските прописи во предизборието.

„Не станува збор за своеволна еднострана одлука за прекин на договори, туку исклучиво за придржување и почитување на законските прописи согласно Изборниот законик кој стапува во сила од денот на распишување на претседателските и парламентарните избори 2024 година.

Се работи за придржување кон законските обврски кои произлегуваат од известувањето на ДКСК и Изборниот законик според член 8-а, упатено до сите институции. Од таа причина сите лаги, клевети и обвинувања на сметка на МКЦ ги отфрламе како неосновани и како дел од хајка која се врши со цел да се наруши угледот на институцијата и нејзиното раководство“ се наведува во соопштението на МКЦ.

Се додава дека по завршувањето на изборите, во моментот кога тоа законски ќе биде овозможено, хонорарците кои се неопходни за работата на МКЦ повторно ќе бидат вратени на работа.

Дополнително, се посочува дека ниеден од претходно пропишаните договори, како и дека ниту еден настан од програмата не е откажан. Го оценија како инсинуација тоа дека МКЦ е затворен и дека не работи.„Исто така, сакаме јавно да укажеме дека сите претходни раководни структури на институцијата како и до сите претходни мандати на состави на совети при Град Скопје, се дозволило институцијата да се доведе во позиција без да се регулира трајно статусот на времено ангажираните лица во МКЦ.

Нагласуваме дека е упатен и официјален допис до ДКСК со цел да се добие мислење/согласност за понатамошно дејствување на што сè уште до МКЦ нема пристигнато никаков одговор!“се додава во соопштението на МКЦ