„Почна да ме допира за половиот орган. Јас почнав да го туркам, а тој се обидуваше кај мене да предизвика ерекција“ – Швеѓанец го обвини скандалозниот сопруг на норвешката принцеза Марта Луиз за сексуално злоставување, само 2 месецa откако таа стапи во брак со шаманот.
Само по два месецa откако стапи во брак со норвешката принцеза Марта Луиз, самопрогласениот шаман Дурек Верет се најде среде нов скандал.
Швеѓанец го обвинува за сексуално злоставување за време на терапијата што му ја нудел.
Бостром се обрати до медиумите и ја раскажа својата приказна за искуството со самопрогласениот шаман и детално опиша зошто се чувствува злоупотребено.
Бостром и Верет се запознале во 2015-та година во Њујорк и имале духовна поврзаност, по што Швеѓанецот одлучил да оди на терапија кај шаманот.
Тој раскажува дека веднаш штом легнал на креветот, Дурек почнал да го допира и да бара од него да се соблече.
„Ми рече дека имам некаква циста на половиот орган и ме праша дали е во ред да ме допре“.
По првата непријатна сесија Бостром се преселил во Шведска и таму ја имале втората сесија.
„Почна да ме допира за половиот орган. Јас почнав да го туркам, а тој се обидуваше кај мене да предизвика ерекција.
Го молев да престане, но не сакаше.
Ми се чинеше дека е решен да ме натера да имаме секс.
Тоа беше непочитување на моите граници.
Кога ќе се вратам наназад сфаќам дека тој беше опседнат со секс“ – вели тој.
Швеѓанецот не го пријавил случајот и вели дека сега жали за тоа, но во тој период само сакал да го прекине секој контакт со шаманот, па дури во моменти на слабост му пратил заканувачки пораки.
Тој ја раскажува сега својата приказна со цел да ги предупреди луѓето дека Дурек не е вистински шаман, туку станува збор за манипулативна личност, чијашто главна цел е само да добие моќ.
Сопругот на норвешката принцеза ги одбива сите тврдења и вели дека тие имале нормален однос како клиент и исцелител.
Но, тој не планира да ги остави работите на случајност, па веќе го ангажирал адвокатот Геир Липестад (60) кој го бранеше убиецот Андерс Брејвик во 2011-та година.