Tuesday, January 21, 2025
3.8 C
Skopje

МИЈАЛКОВ СНИМЕН СО ФЕРАРИ КАКО УЖИВА ВО МОНТЕ КАРЛО

Фото : Скопје1

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков бил снимен како новогодишните и божиќните празници ги поминува во елитното место Монте Карло. Според објавената фотографија, Мијалков е снимен во моментот како излегува од возило марка „ферари“.

Според цените кои се споделени онлајн, автомобилот на Мијалков, зависно од годината, може од $629,990 to $709,900. Од видеото се гледа како тој пристигнува, го остава возилото на паркирање и влегува со женска личност во хотел, пишува порталот.

И во минатото се зборуваше дека Мијалков е имотен во Монако. Со плата во просек по околу 70 илјади денари месечно успеа да стигне до имот вреден 30-тина милиони евра. Тој е еден од ретките Македонци кој се поврзува со таа земја. Таму студираше и неговиот син.

Мијалков беше гонет, но многу дела му застареа, додека граѓаните чекаа правда. Тој доби 24 години затвор и тоа: три години за „Империја“, 12 години за прислушувањето односно „Таргет-Тврдина“, осум години за „Трезор“, 1,3 месеци затвор за „Плацови на Водно“. Од сите, ја одлежа само таа за „Империја“ и тоа во затворот во Струга, каде можеше по цели денови да биде надвор и да работи, а навечер да се враќа. (Скопје1)

ОВАА НЕДЕЛА

ТРАМП ГИ ПОМИЛУВА 1600-ТЕ НАПАЃАЧИ НА КОНГРЕСОТ

Новиот американски претседател Доналд Трамп го потпиша првиот сет...

МИЦКОСКИ ВО ВАШИНГТОН Н СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА „МАКЕДОНИЈА 2025“

Премиерот Христијан Мицкоски, кој е во посета на САД,...

ИЛИЕВСКИ : ЗАБЕГАНА Е НАЈАВАТА НА ВЛАСТА ЗА КУПУВАЊЕ НОВ АВИОН

Одговор на новинарско прашање, Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ Скандалозна...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ